Слаткиот Ведран, познат како детето со маслинките, за многу брзо време стана миленик на корисниците на социјалните мрежи, благодарение на неговата неодоливост и итрините кои ги користи за да го добие она што го сака.
Неговото семејство редовно споделува видеа од 2-годишното детенце, мамејќи насмевки кај своите следбеници.
Во едно од поновите видеа целта на Ведран е да добие чоколатце.

„Морам малку да ручкам. Како твојот син да седи гладен? Јас сакам некој сладолед, некое чоколатце. Зошто си ме родила да не ми даваш ништо? Мама, види го стомачето бара да ручка чоколадо. Ми кркори стомачето. Само 1 чоколадо и толку. Биди добра мајка, јас сум ти син. Мама, ќе добијам чоколадо?“ – вели слаткото детенце.