„A Sheer Desire“ е најновата колекција од ателјето на Зухаир Мурад која ја фасцинираше префинетата публика на ревијата во Париз.
Либанскиот дизајнер оркестрираше кинематографска ода на женската моќ, инспирирајќи се од 30-тите и 40-тите години на минатиот век и од силуетите на Барбара Стенвик и Рита Хејворт.
Секоја креација во колекцијата висока мода есен/зима 2025 е омаж и бунт: омаж на иконите од златната ера на Холивуд, а бунт против сценаријата во кои нивната моќ била секогаш ограничена и потисната.
Популарниот творец на модни хитови за црвениот тепих експертски ја надополни класичната холивудска гламурозна естетика со современ феминистички код, а сите негови дела се како излезени од женски модни фантазии.

















































