Почетна » Новости » Актуелно » Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не остана рамнодушна на оние кои ја нападнаа на социјалните мрежи, па остро возврати. Еве ја нејзината порака:

Весна Петрушевска

Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да изиграте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени, затоа што морализирате, а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што ми се случува во животот, јас не престанав да бидам посветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество, затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3000 изведби, над 700 ТВ емисии проекти, вие се фативте за афера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете и точно знаев дека ќе морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура.

Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас.

Уф ќе заборавев, бев и прва на барикадите за македонскиот јазик и идентитетот, вие веројатно сте имале попаметна работа.

Фала многу и пријатно, струја дома не ми плаќате. Срцки тие па неталентирано духовити. Да не заборавам и покрај најтешката битка, а тоа е ракот, јас не престанав да бидам насмеана, да работам и да се борам за сите на оваа тема. Ама вас не ве фаќа тоа, нели?

На Instagram објавата таа напиша и:

Да не мислите дека ќе ви молчам на вас лажни моралисти и полусветови. Па колку сте недуховити и олоши. Срцки мои сепак ги исполнивте моите очекувања, оти во животот не сум кажала во медиум нешто што не сум сакала. Тоа е само мое, не си присвојувајте туѓи животи, а најмалку пак да судит. Праќам љубов, најдобри сте!

Петрушевска во подкастот на Боки сподели дека една година била во врска со Црвенковски:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.