Салма Хајек привлече големо внимание на Париската недела на високата мода и со својот изглед докажа дека стилот само се подобрува со годините.
58-годишната актерка изгледаше самоуверено во црн тесен кадифен фустан додека со сопругот Франсоа Анри-Пино се упатуваше на ревијата на Balenciaga во Париз. Отмениот стајлинг Салма го надополни со златни обетки во форма на срце.


Но, најголемо внимание не привлече облеката на Хајек, туку нејзината фризура. Салма го проба актуелниот тренд кај фризурите со патец настрана и не ги сокри белите влакна на главата.




И покрај тоа што е една од најпознатите и најфотографираните жени на светот, Салма одбива да се фарба и да става филери, велејќи:
„Не ми се допаѓа да ја бојадисувам косата. Изгледам подобро со здрава коса која е бела“.



Салма има споделено дека понекогаш прикрива дел од белите влакна околу лицето со помош на маскара.
