Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Си го победив стравот после цели 9 години, немало поубаво чувство“: Нина Ред гордо го покажа лицето со акни без шминка

„Си го победив стравот после цели 9 години, немало поубаво чувство“: Нина Ред гордо го покажа лицето со акни без шминка

Николина Славковска, позната како Нина Ред, отворено зборува за проблематичната кожа на лицето и проблемите со акните. Македонската водителка, која е и Instagram ѕвезда, собра храброст и го покажа своето лице без грам шминка за да пренесе важна порака.

Таа сподели фотографија на Instagram за да ги поттикне своите следбеници да се грижат за себе и да се прифаќаат онакви какви што се.

„Си го победив стравот после цели 9 години. Немало поубаво чувство. Сега знам дека луѓето низ моето лице и очи ја гледаат само душата моја, а не состојбата на лицето“ – пишува таа.

Прочитајте ја целосната порака на Нина:

Сите ние колективно треба да сме понежни во меѓусебната комуникација едни со други, а кон самите себеси далеку најнежни. Сфативме дека мислите умеат да го преземат воланот, но не и да ја одредат локацијата каде целиме да стигнеме.

Низ сите овие фази во кои што поминав со лицето моментално кожава го живее најдобриот период од својот живот. За лице со постојано појавување на акни, најголем предизвик е да излезеш на улица без шминка.

Не зборувам за тоа кој и како ќе ме гледа, туку да се обидам да излезам од својот кафез. Изминатата недела собрав храброст и за прв пат бев на јавен настан, поточно на плоштад Македонија за денот на италијанската храна, меѓу голема толпа луѓе и во другиот агол јас и моето природно лице.

Замислите, си го победив стравот после цели 9 години. Немало поубаво чувство. Пеев, играв, се смеев, објавував сториња. Среќа! Сега знам дека луѓето низ моето лице и очи ја гледаат само душата моја, а не состојбата на лицето.

Сè си има свој процес на лекување и треба да се има трпение. Затоа со ова сакам да ја поттикнам секоја една девојка, па и момците (знам дека ве има) да почнете да се грижите за својата кожа, хранете се здраво, направете ги сите редовни контроли, алерго тестови, хормони, читајте книги, направете гинеколошки преглед, медитирајте, обратете се до своите дерматолози, луѓе кои навистина темелно ја разбираат оваа проблематика (која е сè почеста кај помладите), бидејќи и ова драги мои е длабока љубов кон себеси. Во таа чест за прв пат објавувам фотографија без шминка. Ова убаво било!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27596 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.