Почетна » Убавина и мода » Лице » 8 домашни третмани за флеки од акни

8 домашни третмани за флеки од акни

Досадните акни не се само тинејџерски проблем. И милиони возрасни секојдневно се нервираат пред огледало токму поради нив и неуморно го бараат најсоодветниот третман. Појавата на непожелните акни знае да донесе многу нервоза и го уништува изгледот на кожата, но доста непријатни се и флеките кои остануваат. Понекогаш тие се толку темни што не можат да се покријат ниту со шминка.

Жена со кожа без флеки од акниСокот од лимон помага во избелувањето на флеките на лицето

За да можете да се гордеете со беспрекорен изглед на кожата и да ги отстраните флеките кои сведочат за акните што веќе исчезнале, не чекајте и сами интервенирајте. Еве ги најпопуларните домашни третмани кои ги избелуваат флеките и ѝ го враќаат рамномерниот тен на кожата:

  1. Сок од сиров компир. Компирот има својство да ја избелува кожата, па силно се препорачува при појава на флеки. Излупете еден компир, изрендајте го и ставете го во газа. Исцедете од неговиот сок и со помош на памучен тампон нанесете или на целото лице или само на флеките. Оставете да делува 30 минути. Исто така, можете да го исечкате компирот на тенки кругови и да ги ставите на лицето.
  2. Кора од лимон. Врз парче кора од лимон ставете малку шеќер. Со него тријте ја флеката. На овој начин ќе ја ексфолирате кожата и ќе ги избелите темните точки.
  3. Микс од сок од лимон и сок од домат. Направете смеса од еднакви количества сок од лимон и сок од домат. Со помош на памучен тампон нанесете од смесата на флеката и оставете да делува половина час. Можете да нанесете и на целото лице. Ставете го сокот во мало шише и чувајте го во фрижидерот за да можете да го користите барем еднаш дневно. И сокот од домат и сокот од лимон имаат моќно дејство врз потемнетата кожа, па можете да ги користите и одделно.
  4. Сок од краставица. Како сокот од домати, така и сокот од краставица ја затегнува кожата и го забрзува целосното исчезнување на флеките. Изрендајте една краставица, исцедете го сокот и нанесете го на целото лице. Оставете го на лицето 30 минути. Потоа, измијте со ладна вода.
  5. Варени моркови. Сварете 2-3 големи моркови и испасирајте ги. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да дејствува 15 минути. Измијте со млака вода.
  6. Сода бикарбона. Направете смеса од една лажичка сода бикарбона и 2 лажички вода. Со кружни движења масирајте ја кожата со смесата на местата каде што имате флеки. Оставете ја смесата да делува 1 минута, а потоа измијте ја со млака вода. Повторувајте го ова 1-2 пати неделно.
  7. Алое. Алоето помага и кога е во вид на свеж сок и кога е во форма на гел или крем. Можете да скинете ливче алое и да го скршите на половина. Сокот од алое многу благопријатно влијае на кожата, го намалува воспалувањето и успешно ги избелува флеките и ги лекува лузните.
  8. Јагоди и мед. Изгмечете 2-3 јагоди и додајте доволно количество мед за да добиете паста. Нанесете од неа на флеките. Измијте го лицето откако ќе изминат 15 минути.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10409 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.