Фахрие и Бурак Озчивит им приредија незаборавна авантура на своите две деца.
39-годишната актерка од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и 40-годишниот актер од „Величествениот“ се забавуваа, уживаа и позираа покрај малите синчиња Керем и Каран во Дубаи.
Фахрие, која се прослави по улогата на Неџла, сподели фотографии од семејното патување.
Бурак и Фахрие стапија во брак во Истанбул на 29 јуни 2017 година. Каран се роди во 2019 година, а неговиот брат Керем во 2023 година.
