Почетна » Новости » Актуелно » Моќно видео по фемицидот во Мостар: „Забележуваат кога ќе се здебелиш, никој не забележа девојка која бега од маж со пиштол“

Моќно видео по фемицидот во Мостар: „Забележуваат кога ќе се здебелиш, никој не забележа девојка која бега од маж со пиштол“

Балканот беше потресен од уште еден случај на фемицид, овој пат во Мостар.

Во неделата брутално беше убиена 32-годишната Алдина Јахиќ во центарот на Мостар од страна на нејзиниот партнер Анис Калајџиќ, фудбалски судија во Првата лига.

Алдина Јахиќ

Потресена од овој настан, Мерима Ѓелиловиќ објави моќно видео со важна порака која освестува. Во него, босанската инфлуенсерка искажа згрозеност што никој не ја заштитил жртвата кога најмногу имала потреба од помош.

„Прости ни, Алдина“ – се нејзините последни зборови во видеото.

Алдина Јахиќ

Сите забележуваат кога ноктите ќе ти пораснат половина сантиметар. Забележуваат ако си се здебелила пет килограми. Те запираат кога си ненашминкана за да те прашаат дали си добро. Стануваат, забележуваат. За тоа сите имаат очи. Никој не ја забележа девојката која бега од маж со пиштол... сред Мостар.

Не гледаме околу себе. Не гледаме ни во себе. Во што гледаме? Веројатно сé што е подлабоко од шминката никого не го интересира. Една девојка умре. Престана да бара помош. Коментари од жени, коментари од мажи: „Самата е крива“. Коментари од идиоти. Замислете го нивото на човечки срам за оние кои коментираат за мртва девојка и бараат изговор за монструмот. Меѓу какви луѓе живееме ние? Ако жртвата може да биде крива, кому воопшто му е дозволено да биде невин?

И потоа доаѓаме до мажиштата. До нашата балканска парада на тестостерон и празни приказни. Каде се бицепсите сликани под неонски светла? Каде се кога жената умира? Вистинската машкост е да имаш кичма. Да кажеш: „Не, јас ќе ја заштитам“. Да ја заштитиш, да реагираш, да не бидеш кукавица кога злото стои три метри од тебе. А уште полошо е да коментираш дека девојката е крива. И тоа е убиство. И на таа девојка, и на мене, и на секоја жена која оди по оваа планета. Не го кажувам ова за да звучам паметно. Го кажувам затоа што сум лута. И нема да молчам. Никогаш.

Штета што оваа приказна ќе биде заборавена за неколку дена. Штета што Босна и Херцеговина е држава во која убиец има право да земе оружје, да добие дозвола за него, иако неговата девојка го пријавувала повеќепати. Сè додека имаме општество кое ги обвинува жените, а ги оправдува монструмите, ќе продолжиме да погребуваме девојки. Прости ни, Алдина.

@bohemiiana

♬ original sound - Merima Đelilović

Убиството на Алдина се случило на 16 ноември 2025 година, кога Анис ја нападнал додека се враќала од теретана. Убиецот го извадил пиштолот, по што таа се обидела да избега и да се засолни во тоалетот на угостителски објект во близина. Оттаму успеала да ја повика полицијата, но напаѓачот влегол зад неа и ја застрелал пред да пристигне помошта.

Алдина Јахиќ Алдина Јахиќ Алдина Јахиќ

Пораката на Мерима е споделувана илјадници пати на социјалните мрежи, но останува прашањето дали таа ќе нé освести како општество и ќе ја подигне свеста кај луѓето кои замижуваат пред насилството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.