Почетна » Новости » Актуелно » „Иднина на македонската атлетика“: 11-годишната Ана истрча 5 км за 22 минути и го освои 12-тото место на трка во Гевгелија

„Иднина на македонската атлетика“: 11-годишната Ана истрча 5 км за 22 минути и го освои 12-тото место на трка во Гевгелија

Напорната работа и дисциплината не познаваат возраст.

Ана Бегова од Гевгелија уште од мали нозе освојува награди и со причина е нарекувана „бисер и иднина на македонската атлетика“.

Изминатиот викенд, 11-годишното девојче ја истрча 5-километарската трка на November Run во Гевгелија за само 22 минути, освојувајќи го 12-тото место во генералниот пласман.

За нејзиниот успех објави тренерот Игор Јакимовски, кој тренира со атлетичарот Дарио Ивановски. Тој сподели фотографии и напиша:

Ана Бегова Ана Бегова

Новембер Ран има неверојатни приказни, а онаа која мене ми е број 1 од оваа година е ова слатко девојче и идна шампионка Ана Бегова.

Сега додека ја пишувам објавата за неа уште не ми е верно нејзиното постигнување на трка од 5 км со постигнат резултат од неверојатни 22.00.

Замислете...

Девојче родено 2014_та година , односно на 11 години возраст трча во сабота 1 км за 03.53 и победува во својата категорија на детските трки, а веќе следниот ден храбро трча 5 км со возрасни за финиш време од точно 22 минути (04.24 пејс) и внимавајте...

Освојува 12_то место во генерален пласман!!!

Просто неверојатно за девојче на 11 години возраст.

Видовте, слушнавте, прочитавте за Ана некаде?

Го забележа некој овој момент од цела наша атлетска фела во Македонија?

Ако не, тогаш сите заедно да и помогнеме на свој начин за најголемиот бисер и иднина на македонската атлетика.

Браво за Ана, браво и за тренерите во АК 7ми Ноември

Ана Бегова

Ана освои и прво место на Детската трка во својата категорија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.