Мили Боби Браун остро му возврати на фотограф кој побара од неа да се насмее на црвениот тепих на премиерата на последната сезона од хит-серијата „Stranger Things“, во која таа ја има главната улога.
Додека Мили позира со сериозен израз на лицето, фотографот ѝ дофрла да се насмее, по што 21-годишната актерка му вели: „Да се насмеам? Ти насмеј се“, а потоа си заминува.
@glamouruk “Smile, you smile!” #MillieBobbyBrown puts the paps in their place on the #StrangerThings ♬ original sound - slipstream
Снимката од моментот веднаш стана вирален хит и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. „Никој нема да ѝ кажува на нашата девојка што да прави“, „Ја обожаваме Мили“, „Кралица!“ – се дел од коментарите на TikTok.
Мили носеше креација од Ashi Studio.
Ова не е првпат Мили да реагира на негативни коментари. Претходно им одговори на сите кои ја критикуваат што се облекува како да е повозрасна од своите години.
„Одбивам да се извинам што пораснав. Одбивам да се направам помала за да се вклопам во нереалните очекувања на луѓето, кои не можат да поднесат да гледаат како девојка станува жена. Нема да се срамам поради тоа како изгледам, како се облекувам или како се претставувам. Станавме општество во коешто е многу полесно да се критикува отколку да се даде комплимент“ – напиша таа.
Во август оваа година, Мили и нејзиниот сопруг Џејк Бонџови посвоија девојче и станаа млади родители.
