Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина елегантен пар за средбата со Доналд Трамп во Белата Куќа

Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина елегантен пар за средбата со Доналд Трамп во Белата Куќа

Кристијано Роналдо се сретна со Доналд Трамп во Белата Куќа.

40-годишниот фудбалер беше придружуван од својата вереница Џорџина за посетата на домот на американскиот претседател и вечерата организирана во чест на саудискиот престолонаследник и премиер Мохамед бин Салман.

Кристијано и Џорџина изгледаа елегантно и споделија фотографии и видеа. На раката на 31-годишниот модел блескаше огромниот дијамантски прстен од 3 милиони долари со кој фудбалерот ја запроси во август оваа година.

Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина

„Благодарам, господине Претседателе, за поканата и за топлото добредојде што вие и Првата дама ни го приредивте мене и на мојата идна сопруга. Секој од нас има нешто значајно да даде и јас сум подготвен да го дадам својот придонес додека ги инспирираме новите генерации да изградат иднина исполнета со храброст, одговорност и траен мир“ – напиша Роналдо.

Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина

На вечерата, Џорџина заведуваше во креација од Guy Laroche која претходно ја има носено и Хилари Свонк на доделувањето на Оскарите во 2005 година.

Трамп го испочитува Роналдо во говорот пред некои од најмоќните луѓе на светот.

„Мојот син е голем фан на Роналдо... Барон доби шанса да го запознае и мислам дека сега го почитува татко си малку повеќе, само поради фактот дека ве запознав“ – рече тој.

Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина Кристијано Роналдо со вереницата Џорџина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30575 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.