Дани Димитровска ги разигрува своите фанови со динамичниот нов сингл „Заедно“.
„’Заедно’ ја истакнува идејата дека секој човек има значајна улога во светот што го градиме. Со топол и емотивен тон, синглот нагласува дека не сме сами во предизвиците и дека секој наш избор придонесува кон колективната енергија и насока“ – стои во соопштението од нејзиниот тим.
Текстот и музиката ги напиша Весна Малинова, а аранжманот и продукцијата се на Јордан Манов.
Видео
