• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Инспиративната Србинка без раце се наврати на детството низ емотивни фотографии

20 ноември 2025, 12:45
  • cподели

Дејана Бачко на Инстаграм сподели низа фотографии од детството со кои ги трогна своите следбеници.

Од новиот мини-албум се гледа дека инспиративната Србинка, којашто е родена без раце, уште од мала сликала, држејќи ја четката со стапалата. А на една од фотографиите е прикажана во градинка, како јаде со нозе на посебна маса, во близина на останатите деца, што е само еден доказ за предизвиците со кои се соочувала.

Дејана Бачко Дејана Бачко

„Со или без попреченост – секој од нас носи свои битки. Благодарна сум за секој чекор, секое паѓање и секој момент што ме научи да летам“ – напиша во описот „Девојката со крилја“.

Дејана Бачко Дејана Бачко Дејана Бачко

Талентот што го градела со години денес секојдневно го преточува во нови уметнички дела, а бројот на луѓе што ја следат и поддржуваат постојано расте. Пред неколку дена, Дејана прослави значајно постигнување со сопругот Марко и нивната ќерка Лара – еден милион следбеници на Инстаграм.

Дејана Бачко Дејана Бачко Дејана Бачко

Нејзината популарност дојде како последица на силна мисија.

„Сакав да ја подигнам свеста за лицата со инвалидитет и со својот пример некако да ги срушам сите тие предрасуди кои луѓето ги имаат“ – откри српската уметница, додавајќи дека заедно со сопругот на социјалните мрежи достигнале повеќе од 5 милиони следбеници.

„Со цел пред очите и најбавниот напредува побрзо од најбрзиот без цел“ – сподели таа и потсети дека борбата за прифаќање и достоинство започнува од секој поединец, но и дека силата понекогаш расте од најтешките почетоци.

Дејана Бачко Дејана Бачко

Најнови

  • Родители, внимание: На македонскиот пазар пласиран „APTAMIL“ производ со токсин, веднаш се повлекува

    Tue, 01/27/2026 - 15:39
  • Данијела Димитровска

    Данијела Димитровска со тајна венчавка во црква стапи во брак со 6 години помлад фудбалер

    Tue, 01/27/2026 - 14:43
  • „Да не го оставиме Јован сам“: Апел за помош на 12-годишно момче без мајка од Делчево чиј татко е хоспитализиран

    Tue, 01/27/2026 - 13:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.