Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион му оддаде почит на покојниот сопруг Рене во емотивно видео една година по неговата смрт

Селин Дион му оддаде почит на покојниот сопруг Рене во емотивно видео една година по неговата смрт

Пред една година, Селин Дион ја изгуби љубовта на својот живот. 48-годишната пејачка објави видео во кое му оддава почит на својот сопруг, кој на 14 јануари минатата година ја изгуби битката со ракот.

Во видеозаписот се прикажани значајни моменти од животот на покојниот Рене Анжелил, од неговото детство, па сè до семејниот живот со Селин и нивните деца.

„Денес, на 14 јануари, поминува една година откако Рене нè напушти. Тој секогаш ќе остане во нашите срца“ – пишува во описот на видеото на Facebook.

На крајот од минатата година, музичката ѕвезда објави видео со своите најважни моменти од 2016 година, а Рене е секако составен дел од него.

Рене и Селин се запознаа во 1980 година, кога таа имаше само 12, а тој 38 години. Благодарение на него, талентираната пејачка се издигна до врвот во светот на музиката. На почетокот тој беше нејзин менаџер, но потоа нивната врска влезе во романтични води. Тие беа во брак 21 година и заедно имаат три деца.

Селин и Рене Селин и Рене

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11396 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.