Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селена Гомез и Хејли Бибер позираа прегрнати, покажувајќи дека меѓу нив нема лоши чувства поради Џастин Бибер

Селена Гомез и Хејли Бибер позираа прегрнати, покажувајќи дека меѓу нив нема лоши чувства поради Џастин Бибер

Селена Гомез и Хејли Бибер покажаа дека немаат лоши чувства една кон друга.

Откако се покажаа како невистинити шпекулациите дека 26-годишниот модел ѝ го „украде“ Џастин Бибер на 30-годишната пејачка, двете девојки позираа заедно на гала организирана од Музејот на Академијата на науките и уметностите во Лос Анџелес.

Фотографиите од сопругата на Џастин Бибер и неговата поранешна долгогодишна девојка станаа хит на социјалните мрежи.

Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена

Долго време, фановите на Селена шпекулираа дека Хејли е виновна за распадот на нејзината врска со Џастин и дека таа го украла од неа. Минатиот месец, во интервју за подкастот „Call Her Daddy“, Хејли отворено кажа дека Џастин не ја изневерувал Селена со неа.

„Не, ниту еднаш. Кога јас и тој започнавме да се гледаме, тој не беше во врска. Не е во мојот карактер да се мешам во туѓа врска, воспитана сум подобро од тоа“ – рече таа.

Извор на ET за дружбата меѓу двете девојки изјави: „Селена и Хејли беа супер кул заедно на галата. Двете продолжија со животот и се среќни. Сакаа да покажат дека меѓу нив повеќе нема лоши чувства.“

Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена

Џастин и Селена неколкупати ја обновуваа и прекинуваа врската во периодот од 2010 до 2018 година.

Џастин за првпат јавно призна дека е со Хејли во 2016 година. Тие ја обновија романсата во 2018 година, два месеци откако тој за последен пат раскина со Селена. Во септември истата година, парот стапи во брак.

Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена Хејли и Селена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.