Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Џесика Паркер: „Луѓето мислат дека Кери Бредшо ми беше како втора кожа, но не е така“

Сара Џесика Паркер: „Луѓето мислат дека Кери Бредшо ми беше како втора кожа, но не е така“

Сара Џесика Паркер ги краси страниците на првото издание на InStyle за следната година.

51-годишната актерка сними фотосесија за познатото модно списание и зборуваше за ликот Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, за својот стил и за децата.

На насловната страница, шармантната ѕвезда носи цветен фустан од Долче и Габана.

Сара Џесика Паркер

„Ми требаше многу долго време за да најдам лик кој има исто толку потенцијал како Кери Бредшо, која е комплицирана, човечна, слоевита, спорна, но разбирлива и блиска, а сепак далечна. Луѓето мислат дека таа ми беше како втора кожа, но не беше така. Таа е различна од мене, исто како и секој друг лик кој го имам глумено“ – изјавила Паркер.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Кога беше прашана дали разговара со своите деца за славата, Сара Џесика одговорила: „Ние зборуваме за тоа со децата до степен до кој тие сакаат, но не кога не сме прашани. Како и секој друг родител, се обидувам да бидам присутна, да им посветувам внимание, да поставувам прашања и потоа да им давам целосна слобода да се изразат. Се надевам дека ќе живеат според нашиот пример. Тешко е, бидејќи сакаш да им дадеш слобода, но како родител треба да бидеш подготвен дека понекогаш нема да му се допаѓаш на твоето дете“.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

За еволуцијата на својот стил, таа изјавила: „Се облекувам врз основа на тоа што го имам. Не сум голем шопахолик, но сакам убави работи. Тоа што можам да позајмувам облека е одлична околност и уживам во секоја секунда. Имам стандардна гардероба, но имам прекрасни обувки“.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11277 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.