Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Лил откри дека имала незаштитен секс со Ештон Кучер

Сара Лил откри дека имала незаштитен секс со Ештон Кучер

Сара Лил нема да дозволи нејзината афера со Ештон Кучер да остане заборавена. 22-годишната русокоса за првпат проговори за нејзината сексуална авантура со Ештон.

Во интервју за Us Weekly таа призна дека навистина имала незаштитен секс со харизматичниот актер на 24 септември, кога всушност беше и шестгодишнината од бракот на Ештон со Деми Мур.

Сара ЛилСара Лил

„Тој ми се приближи и ме бакна“ – рекла Сара и открила дека само неколку минути подоцна влегле голи во бања заедно со уште една девојка. Иако била сигурна дека актерот сакал тројка, на крајот в кревет завршиле само двајцата.

Таа раскажала дека имала секс со Ештон откако отишле во неговата соба во хотелот Hard Rock во Сан Диего. „Тој ја тргна крпата и јас ја соблеков наметката. Потоа имавме секс. Беше добар. Не беше чудно или перверзно“ – изјавила Сара и признала дека не користеле кондом.

Откако поразговарале на различни теми како астрологија, љубов и политика, имале секс по вторпат, кога според зборовите на Сара, Ештон бил многу нежен.

Насловната на StarСписанието Star објави фотографии од Ештон опкружен со неколку русокоси, наводно од истата вечер кога се случила аферата СараСара (лево) со нејзини пријателки во Лас Вегас СараСара е позната по тоа дека обожава луда забава

Веќе неколку недели скандалот со новата ѕвезда од серијата „Two and a Half Men“ е актуелна тема, но ниту тој, ниту неговата сопруга Деми Мур сè уште не дале конкретен коментар. Повиците на медиумите за да дадат било каква официјална информација за статусот на нивниот брак, досега пропаѓале во вода.

И покрај ваквата криза, 48-годишната Деми и 33-годишниот Ештон често се „уловувани“ заедно. Пред неколку дена папараците направија фотографии на кои се гледа како уживаат заедно на кампинг патување.

Ештон и ДемиЕштон и Деми на кампинг патување изминатиов викенд

Сепак, тоа не ги стивнува шпекулациите дека Деми има намера да побара развод.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.