Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ештон обвинет дека ја изневерил Деми Мур на нивната годишнина?!?

Ештон обвинет дека ја изневерил Деми Мур на нивната годишнина?!?

Ештон Кучер е обвинет дека ја изневерил својата сопруга Деми Мур за време на викендот кога парот ја прославил шестата годишнина од бракот.

Порталот RadarOnline објави дека жешката средба се случила изминатиов петок, кога Ештон и група пријатели си направиле луда забава во клуб во Сан Диего.

Ештон Кучер и Деми МурЕштон Кучер и Деми Мур

23-годишната девојка, чиј идентитет се чува во тајност, се крие од јавноста и според изјави на нејзини пријатели таа веќе контактирала со адвокат.

„Ештон не личеше на некој кој слави годишнина од брак“ – признал присутен во барот.

И таблоидот Star тврди дека холивудскиот пар е пред развод: „Ештон и Деми се разделија и бракот е готов. Нивната врска заврши поради сериското неверство на Ештон“. Тоа е истото списание кое пред една година објави интервју со Бритни Џонс која тврдеше дека имала секс со Кучер во неговиот дом.

33-годишниот актер и неговата 48-годишна сопруга сè уште ги немаат контактирано медиумите за да дадат свој коментар. Дополнително се засилуваат шпекулациите за развод, бидејќи и Ештон и Деми молчат на Twitter, иако е добро познато дека се активни корисници на оваа социјална мрежа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.