Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Мур стави крај на 6-годишниот брак со Ештон Кучер

Деми Мур стави крај на 6-годишниот брак со Ештон Кучер

По бурата која ја предизвикаа тврдењата дека Ештон ја изневерил Деми Мур на ноќта на нивната годишнина од бракот, следуваше период на затишје, по кој Деми ја донесе својата одлука – се разведува од Ештон Кучер.

„Со голема тага и тежина на срцето решив да го завршам мојот шестгодишен брак со Ештон. Како жена, мајка и сопруга, има одредени вредности и ветувања кои ги сметам за свети и со таков дух избрав да продолжам напред со мојот живот“ – пишува Деми во своето соопштение до медиумите.

Ештон Кучер и Деми МурЕштон Кучер и Деми Мур

„Ова е тежок период за мене и моето семејство, па од вас ги барам разбирањето и приватноста кои би му ги дале на секој што се соочува со слична ситуација“ – дополнила таа.

Набрзо по објавувањето на веста за разделбата и Кучер реши да проговори. „Секогаш ќе го ценам времето што го поминав со Деми. Бракот е едно од најтешките нешта на светот и за жал, понекогаш пропаѓа“ – напиша тој на Chime.in.

Разделбата доаѓа откако 22-годишната Сара Лил објави дека имала секс за една вечер со Ештон ноќта кога Деми и Ештон требаше да ја прослават својата шеста годишнина од бракот. Во периодот по скандалот, 49-годишната Деми и 33-годишниот Ештон неколкупати беа видени заедно и се чинеше дека се обидуваат да го спасат бракот.

Сара ЛилСара Лил

Но, очигледно Деми не успеа да го проголта неверството на познатиот актер. „Деми го сака Ештон исто толку колку што мрази јавно понижување“ – признала нејзина блиска пријателка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.