Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана, Адел, Ѓоковиќ и војвотката Кејт меѓу највлијателните на светот

Ријана, Адел, Ѓоковиќ и војвотката Кејт меѓу највлијателните на светот

Престижниот магазин „Time“ ја објави листата на 100 највлијателни личности на светот. На листата, која излегува по деветти пат, свое место добија многу холивудски ѕвезди, политичари, спортисти...

„Тоа се луѓе кои нè инспирираат, нè забавуваат, нè предизвикуваат и го менуваат нашиот свет“ – пишуваат уредниците.

Највлијателните личности на светот

Од славните личности меѓу највлијателните се најдоа Адел, Џесика Частеин, Виола Дејвис, Ријана и Челси Хендлер. Исто така, на листата се и Кетрин, војвотката од Кембриџ и нејзината сестра Пипа Мидлтон.

Врвниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е меѓу неколкуте спортисти кои со својот талент и упорност успеале да се пробијат до врвот, а со тоа и да си обезбедат место на листата.

Во највлијателните се вброија и претседателот на САД, Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел и американската државна секретарка Хилари Клинтон.

На листата има вкупно 38 жени, повеќе од кога било досега.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.