Почетна » Новости » Занимливости » 15-годишна научничка прогласена за „Дете на годината“ од TIME

15-годишна научничка прогласена за „Дете на годината“ од TIME

Списанието TIME, 92 години по ред избира „Личност на годината“, но годинава одлучи да им оддаде признание и на најмладите личности кои го менуваат светот. За првпат од неговото постоење, TIME избра „Дете на годината“.

Честа да ја понесе оваа титула ја имаше тинејџерката Гитанџали Рао од Колорадо. 15-годишната научничка и иноваторка победи 5.000 млади лица на возраст од 8 до 16 години. Во категоријата беа вклучени деца-лидери од САД кои веќе имаат направено позитивни промени во нивните заедници.

Дете на годината Дете на годината

Љубовта кон науката кај Гитанџали се родила на 10-годишна возраст, кога таа открила технологија која користи молекули за да детектира хемикалии во водата за пиење. Нејзиниот најнов проект е апликација наречена „Kindly“, која со помош вештачка интелигенција детектира сајбербулинг (сајбер насилство или насилство преку интернет).

Дете на годината Дете на годината

Целта на Рао е да создаде глобална заедница од млади иноватори кои ќе решаваат светски проблеми. „Нашата генерација се соочува со многу проблеми кои никогаш досега не постоеле. Но, се соочуваме и со стари проблеми кои сè уште постојат. Мислам дека сега повеќе отсекогаш, имаме потреба да најдеме нешто што ни буди страст и да го решиме... Сè може да направи разлика. Не чувствувајте притисок да создадете нешто големо. Ако можам јас, секој може“ – рекла таа во интервју со Анџелина Џоли.

„Не можеме да видиме свет исполнет со љубезност без наука и технологија“ – додава Рао.

Дете на годината

Видео

„Малите чекори можат да доведат до големи промени. Ова се деца кои прават промени во нивните заедници на забавен и достапен, но многу моќен начин“ – рекла Андреа Делбанко, уредничка на TIME за деца.

Минатата година, за „Личност на годината“ беше прогласена 16-годишната Грета Тунберг и со тоа таа стана најмладата Личност на годината и прва под 25 години која ја добива титулата.

Грета Тунберг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.