Почетна » Новости » Актуелно » Иста работа, а различна плата: Жените во Македонија заработуваат над 83.000 денари годишно ПОМАЛКУ од мажите

Иста работа, а различна плата: Жените во Македонија заработуваат над 83.000 денари годишно ПОМАЛКУ од мажите

Еднаква работа, нееднаква плата. Денес, кога се одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, уште еднаш се потсетуваме дека жените во Македонија (и во светот) сè уште се дискриминирани.

Иако принципот „еднаква плата за еднаква работа“ постои уште од 1957 година, реалноста покажува сосема поинаква слика. Македонските жени и понатаму се соочуваат со значителен родов јаз во платите, односно заработуваат дури 13,5% помалку во однос на мажите.

Меѓународниот ден на еднакви плати

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во 2022 година просечната годишна бруто-заработувачка на мажите изнесувала 615.725 денари, додека жените земале 532.625 денари. Тоа значи дека жените во просек добиваат над 83.000 денари помалку годишно за иста работа.

Најголемата неправда се гледа кај жените на возраст од 45 до 49 години, а разликата е најизразена и кај оние со високо образование. Фрапантен е и податокот дека 80-90% од македонските работници кои примаат минимална плата се жени, што уште повеќе го продлабочува економскиот јаз.

Но, Македонија не е исклучок. На глобално ниво, жените заработуваат 20% помалку од мажите, што значи дека за секој 1 долар кај мажите, жената зема 80 центи. Во Европската Унија, просечниот јаз изнесува 12,7%, а најдрастичен е во Латвија со 19%. Интересен факт е дека Луксембург е единствената земја каде жените заработуваат повеќе од мажите.

Меѓународниот ден на еднакви плати

Причините за ваквиот јаз се многубројни, од помала застапеност на жени на раководни позиции и дискриминација на пазарот на труд, до хоризонтална и вертикална сегрегација, односно потценување на „женските“ професии и поретка шанса за унапредување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.