Почетна » Новости » Шоу-бизнис » TIME: Највлијателните луѓе на светот

TIME: Највлијателните луѓе на светот

Американското списание „TIME“ традиционално и оваа година ја објави листата на 100-те највлијателни луѓе на светот.

Листата е поделена во четири категории: лидери, херои, мислители и уметници. Во секоја категорија се посочени 25 луѓе, без да им е припишуван некаков ранг.

Највлијателните луѓеНајвлијателните луѓе според американското списание TIME.

Ексцентричната пејачка Лејди Гага, режисерката Кетрин Бигелоу, „вампирот“ Роберт Патинсон, кралицата на ток-шоуто Опра Винфри, легендарниот пејач Елтон Џон и актерот Ештон Качер се дел од листата на уметници.

Листата на херои ги содржи имињата на бившиот претседател на САД Бил Клинтон, тенисерката Серена Вилијамс, актерот Бен Стилер, фудбалерот Дидие Дрогба и кралицата на мразот Ју-На Ким.

Во листата на лидери свое место најдоа: претседателот на Бразил Луис Инасио Лула де Силва, претседателот на САД Барак Обама, лидерката на Републиканците Сара Пејлин и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Листата на мислители ги вклучува архитектката и дизајнерка Заха Хадид, сопственикот на Apple Стив Џобс и судијката и професорка по право Елизабет Ворен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.