Ричард Гир и Алехандра Силва беа дел од гостите на галата „City Harvest Red Supper Club“ во Њујорк.
На настанот, 72-годишниот холивудски актер изгледаше елегантно во костум покрај 39-годишна сопруга, која носеше долг сино-црн фустан и црни сандали.





Организацијата „City Harvest“ обединува личности подготвени да донираат средства за обезбедување храна за оние кои имаат потреба од помош. Ова беше првиот собир од почетокот на пандемијата досега.

Ричард и Алехандра се во брак од 2018 година и заедно имаат две синчиња. И двајцата имаат уште по едно дете од претходните бракови.
