Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 69-годишниот Ричард Гир за првпат фотографиран со малиот син

69-годишниот Ричард Гир за првпат фотографиран со малиот син

На само денови од 70-тиот роденден, Ричард Гир е посветен на улогата на татко. Холивудскиот актер ги поминува летните денови во Италија со 6-месечното синче Александар.

Гир изгледа среќно и исполнето додека се релаксира со малото бебенце и се фотографира со свои блиски.

Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва Ричард Гир и Алехандра Силва

Ова е прво дете на Гир со 35-годишната Алехандра Силва. Парот започна да се состанува во 2014 година, а стапи во брак во април минатата година. И двајцата имаат по еден син од претходните бракови.

Ричард Гир и Алехандра Силва

Ричард го искористи патувањето во Италија и за добри цели. Тој им однесе храна и неопходни производи на мигранти на хуманитарен брод во Средоземно Море. Вкупно 121 бегалец од Либија веќе една недела престојува на бродот на кој му беше забранет влез на пристаништа во Италија и Малта.

Гир упати порака до владите во Европа да ги отворат рацете за бегалците и да им овозможат да започнат нов живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.