Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рис Витерспун во четири стајлинзи ја промовира својата нова детска книга

Рис Витерспун во четири стајлинзи ја промовира својата нова детска книга

Рис Витерспун има нова книга за деца. 46-годишната актерка ја промовираше „Busy Betty“ и по тој повод беше гостинка во неколку телевизиски емисии.

За гостувањата, Витерспун импресионираше со модните комбинации. Таа избра живи бои кои совршено одговараат на нејзината руса коса и топлата широка насмевка.

Во „The View“ Рис носеше виолетов фустан со долги ракави од Оскар де ла Рента. Својот стајлинг, таа го надополни со чантичка од Ботега Венета и обувки од Кристијан Лобутин.

Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун

За нејзиното појавување во „Good Morning America“ и „Today Show“, Рис избра костуми во сина и портокалова боја од Александар Меквин.

Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун

За „The Tonight Show“, холивудската ѕвезда се одлучи за црн фустан со паднати раменици кој зрачи со вечерна елеганција. Креацијата исто така е дело на Александар Меквин.

Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун Рис Витерспун

Busy Betty е илустрирана книга, во која се раскажува за Бети. Ова љубопитно и креативно девојче постојано си наоѓа занимации. Кога ќе го прегрне нејзиното куче Френк сфаќа дека мора да го избања, бидејќи е насмрдливото куче на светот. Но, ќе сфати дека оваа мисија е потешка отколку што си замислуваше. Затоа, со помош на другарка ѝ Меј, заедно ќе успеат да го избањаат Френк.

Пораката која Рис сака да ја пренесе со книгата е дека сè може да се постигне со тимска работа.

Рис Витерспун досега ги има објавено следните книги: „Homegrown“, „Whiskey in a teacup“ и најновата „Busy Betty“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.