Џенифер Лопез му е најголемата поддршка на Бен Афлек.
52-годишната пејачка и актерка го придружуваше 49-годишниот актер на премиерното прикажување на неговиот најнов филм „The Tender Bar“ во Холивуд. На црвениот тепих, Лопез го украде целото внимание облечена во бебешко сина креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб.













„The Tender Bar“ е режиран од Џорџ Клуни, а ќе започне да се прикажува во киносалите во САД на 22 декември.


