Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првите фотографии од крштевката на близначињата на принцот Алберт и принцезата Шарлин

Првите фотографии од крштевката на близначињата на принцот Алберт и принцезата Шарлин

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин ги крстија своите 5-месечни близначиња Жак и Габриела.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин

Повеќе од 700 гости присуствуваа на церемонијата која се одржа вчера во катедралата на Монако. Меѓу присутните беа сестрите на Алберт, Каролина и Стефани и членови на потесното кралско семејство. И родителите на Шарлин не го пропуштија овој специјален ден на своите внуци и се појавија заедно со синовите Герет и Шон.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин

Среќната мајка и двете деца изгледаа елегантно во креации од Диор. Принцезата Шарлин избра креација од високата мода на Диор, која ја надополни со плетени ракавици и шапка, а малите близнаци беа облечени во бели фустани од бебешката колекција на француската модна куќа.

По крштевката, кралското семејство пешачејќи се упати кон палатата.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин

И покрај тоа што Габриела се родила прва, Жак ќе биде престолонаследник поради законите во Монако за предност на машките деца. Принцот Алберт има две други деца 22-годишната Јасмин и 11-годишниот Александар Коста.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин

57-годишниот принц и неговата 37-годишна избраничка стапија во брак на 1 јули 2011 година. Шарлин се породи на 10 декември минатата година во болницата која го носи името на мајката на Алберт, незаборавната Грејс Кели.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин Принцот Алберт и принцезата Шарлин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.