Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата официјална фотографија од принцот Џорџ и малата принцеза Шарлот

Првата официјална фотографија од принцот Џорџ и малата принцеза Шарлот

Кралското семејство го објави првиот официјален портрет од малата принцеза Шарлот. На неодоливата фотографија која беше споделена на Twitter, принцот Џорџ ја држи во рацете својата сестричка.

Кетрин, војвотката од Кембриџ, ги фотографирала своите две деца во средината на мај.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот

Британската принцеза Шарлот Елизабета Дијана се роди на 2 мај. Кетрин и принцот Вилијам го избраа името Елизабета во чест на бабата на Вилијам, сегашната кралица Елизабета II, а името Дијана во чест на мајката на Вилијам, покојната принцеза Дијана. Името Шарлот има француско потекло и е женска верзија на Чарлс, со што му се оддава чест на принцот Чарлс.

Принцот Џорџ следниот месец ќе го прослави својот втор роденден.

Дополнително, британското семејство сподели уште три фотографии од слатката фотосесија.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот Принцот Џорџ и принцезата Шарлот Принцот Џорџ и принцезата Шарлот Кетрин и Вилијам со малата ШарлотКетрин и Вилијам со малата Шарлот при напуштањето на болницата по породувањето

Крштевката на Шарлот е закажана за 5 јули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11067 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.