Кијану Ривс и Кери-Ен Мос се враќаат во улогите на Нео и Тринити во четвртото продолжение на „The Matrix“.
Првиот трејлер за „The Matrix: Resurrections“ покажува дека главните ликови ги „заборавиле“ сите случувања од трилогијата, па штом ќе се сретнат, тие не се препознаваат.
Од старата екипа останува Џејда Пинкет Смит, а меѓу новите актери се Џонатан Гроф, Пријанка Чопра, Кристина Ричи, Нил Патрик Харис и Џесика Хенвик.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината и на HBO Max од 22 декември.