Почетна » Новости » Занимливости » Александра Грант, девојката на Кијану Ривс, сподели зошто одбива да си ја бојадисува седата коса

Александра Грант, девојката на Кијану Ривс, сподели зошто одбива да си ја бојадисува седата коса

Кога Кијану Ривс застана под рефлекторите со новата девојка Александра Грант, неговите фанови изразија големо задоволство што холивудскиот миленик е среќен во љубовта. Но, истовремено, многумина се фокусираа на нејзиниот изглед, а особено на седата коса.

Александра Грант

46-годишната визуелна артистка на Instagram објави кратка порака во која објасни зошто претпочита природен изглед на косата.

Имено, таа сподели наслов за најново истражување кое потврдува силна поврзаност помеѓу редовното користење на фарби и хемиското исправување на косата со појава на рак на дојка.

„Wow. Денешните вести... Бројките се застрашувачки, особено за жените во боја. Ми побеле косата предвреме во моите рани 20-ти години и ја бојадисував во секоја можна боја до момент кога повеќе не можев да ја толерирам токсичноста на фарбите.“

„Во моите 30-ти години, ѝ дозволив на косата да стане „руса“. Ми се допаѓа и го поддржувам тоа што секоја жена може да одлучи како сака да изгледа на секоја возраст. Но, ако жените страдаат поради стандардите за убавина, да зборуваме за тие стандарди. Љубов за сите жени!“ - напиша таа.

Александра Грант Александра Грант Александра Грант Александра Грант Александра Грант Александра Грант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.