Некои љубовни приказни почнуваат со еден поглед. Приказната на Симона и Илија започна со еден танц. Денес тие се брачен пар, професионални инструктори и двигателите на едно од највпечатливите танцови студија во Скопје – Eat the Beat.
„Танцот нè спои и ни покажа дека преку движењето можеш да создаваш нешто многу поголемо – заедница, енергија и семејство,“ вели Симона. Илија додава: „Секој ден гледаме како децата растат не само како танчери, туку и како личности – тоа е нашата најголема награда.“

Во Eat the Beat атмосферата е мешавина од дисциплина и забава. Студиото е познато по модерниот пристап – од првите чекори до сложени кореографии, децата учат латино и хип хоп стилови, развиваат самодоверба и уживаат во настапи кои се вистински спектакли.
„За нас најубав момент е кога ќе видиме дете кое било срамежливо, после неколку месеци проби излегува на сцена со огромна насмевка и светлина во очите,“ вели Симона. „Тоа е моќта на танцот – да ги менува децата одвнатре,“ дополнува таа.



Не случајно танчерите од Eat the Beat редовно ја претставуваат Македонија на регионални и меѓународни натпревари. Со пехари и медали се враќаат речиси од секое натпреварување, а она што е уште поважно – со пријателства и искуства кои остануваат за цел живот.
📣 Уписите се во тек!
Ако барате место каде децата ќе растат среќни, дисциплинирани и инспирирани – Eat the Beat е вистинскиот избор.
📍 Бел Камен 9 – Капиштец, Скопје
💻 070 368 000 | DM за инфо