Ѕвездите од проектот „Македонијо во срце те носиме“ снимија нова верзија на песната „Нема друга Македонија“ на Војо Стојановски.
Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска, Мина Блажев и Зуица Лазова се дел од екипата заслужна за преработката на оваа безвременска песна.
Музиката е на Милан Завков, текстот е на Томислав Которчевиќ, новата аранжманска обработка е на маестро Николче Мицевски, а ја изведуваат сите учесници во проектот.


