Христијан Настески, познат како Пајак, продолжува да плени со заразна енергија.
Талентираниот охридски музичар ги израдува фановите со својот најнов сингл „Марија“ кој несомнено ќе стане хит.
Музиката на песната е авторско дело на Пајак, за текстот соработуваше со Елвир Мекиќ, а Иван Јованов – Ивајо го потпишува аранжманот.
