Почетна » Новости » Актуелно » „Пијано за Тоше“: Ученици обоија скалила во Крушево за македонскиот ангел

„Пијано за Тоше“: Ученици обоија скалила во Крушево за македонскиот ангел

Ученици од Крушево со голема љубов и креативност обоија скалила во црно-бела комбинација, симболично претворајќи ги во пијано во чест на непрежалената музичка легенда Тоше Проески. Акцијата е дел од настанот „Пијано за Тоше“, што ги обедини најмладите со идејата преку уметност да го продолжат споменот за нивниот сакан сограѓанин.

Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше

Градоначалникот Томе Христоски им се заблагодари на сите кои го реализираа проектот:

Улица Тодор, Тоше Проески...

За нашето Крушево, За Тоше од вредните раце на нашите ученици

Денес Крушево блеска со детска искреност и креативност. Во рамки на настанот „Пијано за Тоше“, најмладите – учениците од нашето основно училиште – ги обоија скалите во бела и црна боја, симболично создавајќи пијано кое одекнува со музиката и делото на Тоше.

Овој гест покажува дека љубовта и сеќавањето за него живеат во сите генерации. Децата се најубавиот доказ дека Тоше и понатаму нè инспирира да градиме добрина, хуманост и единство.

Благодарност до наставниците Емил и Надица, учениците и сите што помогнаа оваа уметничка порака да биде дел од нашето Крушево.

Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше Пијано за Тоше

Фото: Facebook Томе Христоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.