Почетна » Новости » Животни стории » Контроверзно: Шпанска актерка доби дете со спермата на покојниот син и сурогат-мајка

Контроверзно: Шпанска актерка доби дете со спермата на покојниот син и сурогат-мајка

Шпанската актерка Ана Обрегон пред две години ја шокираше јавноста кога беше фотографирана со новородено бебе во рацете, бидејќи многумина автоматски претпоставија дека детето е нејзино. Таа тогаш имаше 68 години.

Во екот на контроверзиите, Ана сподели дека девојчето всушност е биолошка ќерка на нејзиниот син Алес, кој почина од рак во 2020 година, и дека ѝ внука. Бебето Анита било зачнато и родено со помош на сурогат-мајка и спермата која Алес ја замрзнал пред да започне да се лекува со хемотерапии во битката со болеста.

Ана Обрегон Ана Обрегон

„Ова девојче не ми е ќерка, туку внука. Таа му е ќерка на Алес и кога ќе порасне, ќе ѝ кажам дека татко ѝ беше херој за да знае која е и колку треба да биде горда на него. Она што луѓето не го знаат е дека ова беше последната желба на Алес: да донесе дете на овој свет“ – рекла таа.

Ана Обрегон Ана Обрегон Ана ОбрегонАна Обрегон со синот

Ана објасни дека користела сурогат-мајка во САД, бидејќи во Шпанија оваа практика е забранета. Процесот на зачнување на бебенцето започнал една недела пред смртта на Алес, кога тој изразил желба да има дете по неговото заминување за да остави наследство.

„Примероците беа замрзнати во САД. Процесот започна на денот кога моето дете отиде на небото“ – рекла актерката.

На Алес му бил дијагностицирана ретка форма на рак која ги напаѓа коските, две години пред неговата смрт. Тој поминал неколку месеци во Меморијалниот центар за рак Слоун-Кетеринг во Њујорк, а починал во болница во Барселона.

Ана Обрегон

По раѓањето на бебенцето, Ана на Instagram напиша:

Мој Алес:

Се заколнав дека ќе те спасам од рак и не успеав. Ти ветив дека ќе ја донесам твојата ќерка на свет и еве ја држам во моите раце.

Кога ја гушкам, чувствувам неопислива емоција, бидејќи ми е како повторно да те гушкам тебе.

Се колнам дека ќе се грижам за неа со бескрајната љубов која ја имам за ддавање, а ти ќе ми помогнеш од рајот.

Книгата која ја започна, а јас ја довршив со моите зборови ќе биде во продажба на 19-ти април. Како што беше твојата желба, профитот на авторот ќе оди за истражување на ракот.

Ти си љубовта на мојот живот во рајот, а твојата ќерка е љубовта на мојот живот на земјата.

Те сакам до смрт.

Мама

Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон Ана Обрегон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.