Кони Френсис почина на 87 години. Поп ѕвездата на 50-тите и 60-тите години пред две недели беше хоспитализирана поради екстремна болка и иако имаше одредено подобрување, за жал, исходот беше фатален.
Талентираната пејачка и актерка е првата жена која го достигнала врвот на Billboard Hot 100, а во нејзините хитови се вбројуваат: „Who's Sorry Now?“, „Everybody's Somebody's Fool“, „My Heart Has A Mind Of Its Own“, „Where the Boys Are“ и „Don't Break The Heart That Loves You“.

Френсис во изминативе неколку месеци беше во медиумскиот фокус откако нејзината „Pretty Little Baby“ од 1962 година ги преплави социјалните мрежи TikTok и Instagram. Милиони корисници во кратки видеа ги покажуваат своите деца, миленичиња или стајлинзи додека во позадина се слуша позитивната песна.
„Pretty Little Baby“
Пред смртта, таа изјави дека воопшто не се сеќавала на песната додека не станала вирална. „Да бидам искрена, не се сеќавав на песната. Морав да ја слушнам да се потсетам. Прекрасно е што песна која ја снимив пред 63 години ги допира срцата на милиони луѓе. Навистина е прекрасно чувството“ – рекла таа.

