Кијану Ривс не залудно е холивудски миленик на многу луѓе. Скромниот актер покажа дека е и вистински џентлмен за време на пазарување со својата девојка Александра во Берлин.
56-годишната филмска ѕвезда ги носеше тешките торби додека чекореше покрај саканата.







Парот во моментов престојува во германскиот главен град, каде Кијану го снима „The Matrix 4“.


Кијану и Александра за првпат се појавија во јавност како пар во ноември минатата година. Некои шпекулираат дека тие биле претходно во врска само неколку месеци, додека други тврдат дека се заедно со години.

