Обожавателите на „The Matrix“ со нетрпение го очекуваат новото продолжение на научно-фантастичниот акционен филм кое ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот од 22 декември.
На премиерата на „The Matrix Resurrections" во Сан Франциско, присуствуваа главните актери Кијану Ривс и Кери Ен Мос, кои ги имаат улогите на Нео и Тринити.
Популарното дуо во елегантно издание позираше на зелениот тепих, заедно со остатокот од актерската екипа и режисерката Лана Вачовски.









Ен Мос носеше фустан од Оскар де ла Рента, креиран специјално за оваа пригода.




