Крис Хемсворт имаше голема поддршка на лондонската премиера на „Limitless: Better Now Live“.
На жолтиот тепих, 41-годишниот актер беше придружуван од сопругата Елза Патаки и нивните 11-годишни близнаци Саша и Тристан. Недостасуваше само нивната ќерка Индија Роуз.
Среќното семејство позираше заедно пред бројните фоторепортери. 49-годишната актерка шармираше во кратко блескаво фустанче и доби многу комплименти за одржаниот изглед.








На свеченоста присуствуваа и родителите на Крис, Крег и Леони, а овој момент не го пропушти ни неговиот помал брат Лиам Хемсворт.
Лиам пристигна на премиерата со својата девојка Габриела Брукс.






