Со доаѓањето на летото, нашата кожа и тело бараат поинаква грижа – полесна облека, заштита со силен СПФ фактор, повеќе хидратација и освежување, но честопати забораваме на нешто многу важно – интимната нега, особено во услови на високи температури, потење и долги часови надвор од дома. Интимната зона е дел од телото што заслужува најнежна и посветена грижа – не само поради чувствителноста, туку и како дел од севкупното женско здравје.

Во лето, честото носење на синтетичка облека, тесна гардероба, долги часови во мокар костим за капење и повеќе потење може да создадат услови за нарушување на природниот баланс на интимната зона. Тоа, пак, може да доведе до иритации, непријатности или инфекции. Затоа, особено во топлите денови, важно е да користиме специјално формулирани производи кои го штитат природниот pH и да одбереме нежна, но ефективна нега.
Во потрагата по производи на кои можете да им верувате, Jessа линијата за интимна нега достапна во dm дрогериите е вистински сојузник за совршена заштита за „оние денови“ од месецот. Формулирана со грижа, без агресивни состојки, Jessа ви нуди широк спектар на производи – од нежни гелови за миење, влажни марамчиња за освежување до интимни спрејови што овозможуваат чувство на свежина и чистота во секој момент од денот. Облечете го вашето омилено ленено фустанче во комбинација со лесна памучна долна облека и хигиенски влошки или тампони, и без грижи поминете ги жешките летни денови, во вашиот уникатен женски ритам.

Како што и вашата Bestie секогаш ве советува, одржувањето на интимната хигиена и разговорите околу менструалниот циклус не треба да бидат табу – туку дел од секојдневните теми околу грижата на женското здравје. Bestie, ги охрабрува младите девојки и жени да зборуваат отворено за здравјето, телото и сите оние „интимни“ теми што не се секогаш доволно присутни во јавноста. Женското здравје заслужува постојана поддршка, а вистинските производи и информации прават разлика. Биди своја, биди нежна со себе и уживај и во „оние денови“, особено во лето.