Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата фотографија од ќеркичката на Криси Тиген и Џон Леџенд

Првата фотографија од ќеркичката на Криси Тиген и Џон Леџенд

Криси Тиген ја сподели првата фотографија од ќеркичката на својот профил на Instagram. 30-годишната манекенка и Џон Леџенд на 14 април ѝ посакаа добредојде на Луна Симон Стивенс.

На фотографијата, Криси ја држи во рацете Луна и нежно ја гали по главчето, додека покрај нив седи кучето Пади.

Криси со Луна

„Тие се справуваат одлично. Среќни се. Поминаа низ толку многу за да го имаат ова дете. Возбудени се. Сите сме благословени што ја имаме неа како дел од нашите животи“ – изјавил продуцентот Мајк Џексон, кој е близок соработник на Леџенд.

Криси и Џон

Криси со фотографија го потврди доаѓањето на Луна на овој свет.

She's here! Luna Simone Stephens, we are so in love with you! And sleepy. Very sleepy.

A photo posted by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

По четиригодишна врска, познатиот модел и 37-годишниот пејач се верија во декември 2011 година. Тие стапија во брак во септември 2013 година во Комо, Италија.

Криси и Џон Криси и Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.