Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Прва фотографија: Кристен Стјуарт е копија на принцезата Дијана за новиот филм „Spencer“

Прва фотографија: Кристен Стјуарт е копија на принцезата Дијана за новиот филм „Spencer“

Откако минатата година беше најавено дека Кристен Стјуарт ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во новиот филм „Spencer“, многумина се прашуваа дали е тоа вистинскиот избор.

Денес, беше објавена првата фотографија од трансформацијата на 30-годишната актерка во „принцезата на срцата“, а сличноста во изгледот ќе ве изненади.

Облечена во црвено палто и црна шапка, Кристен одлично го доловува мистериозниот и тажен поглед на починатата британска принцеза.

Кристен Стјуарт како принцезата Дијана Принцезата Дијана

Новата драма за кралското семејство ќе го опфати „критичниот викенд“ во раните 90-ти години, кога Дијана одлучи дека бракот со принцот Чарлс нема да продолжи.

Кристен Стјуарт, принцезата Дијана Кристен Стјуарт, принцезата Дијана

Филмот ќе се фокусира на кревката и турбулентна врска на Дијана и Чарлс и нејзината огромна љубов кон синовите, принцот Вилијам и принцот Хари.

принцезата Дијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.