Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Боб Сагет: Актерот од „Полна куќа“ пронајден мртов во хотелска соба

Почина Боб Сагет: Актерот од „Полна куќа“ пронајден мртов во хотелска соба

Ненадејно почина Боб Сагет, актерот кој го засакавме со серијата „Full House“ (Полна куќа), а кој нè расположуваше и со смешни домашни снимки во шоуто „America's Funniest Home Videos“.

Боб Сагет

65-годишниот актер и комичар беше пронајден мртов во хотелска соба во „Ritz-Carlton“ во Орландо. Сè уште се утврдуваат околностите на смртта.

Сагет беше сред турнеја, а последното стенд-ап шоу го одржа во саботата во Џексонвил.

Во 80-тите и 90-тите години, Боб стана едно од најпрепознатливите ТВ лица откако доби главна улога во „Full House“. Серијата се емитуваше од 1987 до 1995, а во 2016 година доби и продолжение на Netlix. Сегет 8 години беше водител на „America's Funniest Home Videos“, а девет сезони беше и наратор на „How I Met Your Mother“.

Боб Сагет

Духовитиот актер беше во брак со Кели Ризо, а има три деца со првата сопруга Шери Крамер.

Боб Сагет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.