Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Кога бев мала, сакав да бидам како тебе“: Калиопи ѝ честиташе роденден и пензија на сестра ѝ Корнелија

„Кога бев мала, сакав да бидам како тебе“: Калиопи ѝ честиташе роденден и пензија на сестра ѝ Корнелија

Калиопи со топла порака и зборови полни љубов ѝ го честиташе 64-тиот роденден на сестра ѝ Корнелија, како и нејзиното заминување во пензија.

Македонската музичарка објави фотографија од Корнелија и сподели дека кога била мала, сакала да биде како неа.

Корнелија Буклеска

„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025, го прослави својот роденден и заминувањето во пензија…. Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе, Корнелија. Ти честитам мила моја! Сега е време за твојата друга љубов – пишувањето! Те сакам Нели моја… Твоја Опи“ – напиша Калиопи во својата честитка.

Калиопи Калиопи

Колегите на Корнелија, која беше уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје, ја испратија со подароци и мала прослава.

На Facebook тие споделија фотографии од тој момент и напишаа:

„Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото. Tаа e и останува храбра жена и понатаму. Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија. Среќно и нека се множат годините, наша Корнелија“.

Корнелија Буклеска Корнелија Буклеска Корнелија Буклеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30540 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.