Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Полиција ги смирувала Анџелина и Бред

Полиција ги смирувала Анџелина и Бред

Анџелина и Бред

Медиумите известуваат за уште проблеми во семејството Бранџелина. Во неделата вечерта, Бред и Анџелина имале жестока расправија која ги принудила нивните соседи да повикаат полиција.

Расправијата се случила во куќата на славната двојка во Лос Анџелес. Претставник на полицијата го напуштил нивниот дом 20 минути по пристигнувањето, изјавувајќи дека сè е во ред.

Приказната се појави во списанието Star, потпирајќи се на изјавата на анонимен извор, кој опиша што точно се случило за да се заострат односите помеѓу Пит и Џоли.

„Бред сакаше да оди во Мисури за да го помине традиционално денот на благодарноста со семејството. Но, Анџелина испланирала патување во Азија за да го прослават роденденот на нивниот син Пакс. Тоа го полуди Бред.“ – изјави близок до семејството.

Неисполнувањето на плановите на Џоли и коментарот од Бред дека е себична, толку ја полуделе атрактивната актерка што започнала да вреска и да го турка својот сакан.

„Анџелина е врескач и понекогаш се пресметува физички. Таа фрли столица на другата страна на собата. Го промаши Бред, но тој беше многу потресен.“ – откри анонимен извор за списанието Star.

После сите овие гласини за проблемите помеѓу Анџелина и Бред, не е воопшто чудно да се исполнат предвидувањата на Ијан Халперин за блискиот крај на семејството познато како Бранџелина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.