Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По откажан концерт, Лејди Гага гостуваше на Опра

По откажан концерт, Лејди Гага гостуваше на Опра

Лејди Гага

Нема човек кој не забележал дека Лејди Гага е уникатна пејачка и изведувачка, која постојано работи за да се претстави што подобро и поспектакуларно пред своите обожаватели. Но, нејзината целосна и непрекината посветеност на музиката веќе се одразува врз нејзиното здравје.

Таа во четвртокот била принудена да го откаже својот концерт во Индијана, САД, поради тоа што се онесвестила од истоштеност. Докторите што ја прегледале установиле дека има нерегуларен ритам на срцето како резултат на умора.

Плачев со часови, чувствував дека ги изневерив моите обожаватели вечерва. Еден час пред концертот чувствував вртоглавица и имав тешкотии со дишењето. Лекарите дојдоа да ме прегледаат и ми кажаа дека ритамот на срцето ми е нерегуларен – резултат од исцрпеност. Многу сум потиштена. Досега имам настапувано со грип и настинка, никогаш не би откажала шоу само поради мал дискомфорт.

напиша Гага на Twitter

Само еден ден по откажувањето на концертот, Лејди Гага гостуваше во популарното шоу на Опра. Таму таа покажа слики од своето детство и изведе ремикс од неколку песни.

Иако очигледно не беше во најдобрата своја форма, Лејди Гага повторно приреди спектакуларна изведба. Ниту проблемите со облеката, ниту омалаксаноста не ѝ попречија да скокне на такси и да врти со боздоган, за да ги импресионира присутните.

Со овој храбар настап Гага уште еднаш ја докажа својата посветеност кон она што го прави и решителноста никогаш да не се откаже.

Настапот на Лејди Гага на Опра - видео

Интервјуто со Опра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.