Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќе ве наежи: Моќниот настап на Лејди Гага со жртви на силување на Оскар

Ќе ве наежи: Моќниот настап на Лејди Гага со жртви на силување на Оскар

Лејди Гага одушеви на синоќешното доделување на наградите Оскар со незаборавен настап. 29-годишната пејачка ја испеа „Til It Happens to You“, која им ја посвети на милионите жртви на силување.

Гага неодамна призна дека била силувана на 19-годишна возраст од маж кој бил 20 години постар од неа, па емоциите кои се испишани на нејзиното лице за време на настапот се сосем разбирливи.

На крајот од моќната изведба на ексцентричната музичка ѕвезда, на сцената се појавуваат жртви на силување, на чии раце се испишани зборови како „Не е твоја вина“, „Не сум сам“ и „Тоа ми се случи мене“.

Лејди Гага беше номинирана во категоријата Најдобра песна со „Til It Happens to You“, која ја сними за документарниот филм „The Hunting Ground“.

Погледнете го нејзиниот настап кој несомнено ќе ве наежи.

Видео

Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.