Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Емотивниот спот на Лејди Гага посветен на жртвите на силување

ВИДЕО: Емотивниот спот на Лејди Гага посветен на жртвите на силување

„Til It Happens To You“ е новата песна на Лејди Гага посветена на жртвите на силување. Ексцентричната пејачка објави емотивен видеозапис во кој се прикажани три случаи на силување во студентски кампус, како и последиците од трауматичното искуство.

Лејди Гага ја сними моќната балада за документарниот филм „The Hunting Ground“, фокусиран на силувањето во студентските домови во САД. Спотот вклучува и шокантен факт кој покажува колку е голем проблемот, односно дека секоја петта девојка на колеџ ќе биде жртва на сексуално насилство годинава доколку нешто не се промени.

Пред неколку месеци Лејди Гага отворено проговори за тоа дека била силувана на 19 години. Иако не го откри идентитетот на мажот, таа сподели дека тој бил 20 години повозрасен од неа.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.