Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк возврати на критиките за тежината: „Се чувствувам убава“

Пинк возврати на критиките за тежината: „Се чувствувам убава“

Пинк со инспиративна порака им возврати на интернет троловите кои упорно ја коментираат нејзината телесна тежина. На фотографиите од хуманитарен настан за собирање на средства за истражувања за рак, Пинк забележала многу негативни коментари за нејзината зголемена тежина.

Револтирана од фактот што повеќе им се придава значење на нејзините килограми и изгледот одошто на добротворниот настан, таа објави силна порака на Twitter.

Пинк и Кери ХартПинк со сопругот Кери Харт на хуманитарниот настан посветен на ракот Пинк

Од коментарите за мојата тежина гледам дека некои од вас се загрижени за мене. Тие се однесуваат на фотографиите од синоќешниот добротворен настан за рак на кој присуствував за да ја поддржам мојата драга пријателка д-р Меги ДиНоме. Нејзе ѝ беше доделена наградата „Duke Award“ за нејзините напори и огромниот придонес за искоренувањето на ракот. Но, за жал, на некои од вас им беше поважна мојата тежина.

Признавам дека тој фустан не излезе така добро на фотографиите како што изгледаше кога се фотографирав во мојата кујна, но исто така признавам и дека се чувствував многу убаво. Всушност, се чувствувам убава. Па, мои добри и загрижени луѓе, ве молам не грижете се за мене. Јас не сум загрижена за себе. Ниту пак се загрижувам за вас :)... Јас сум совршено добро, совршено среќна, а моето здраво, раскошно и неверојатно силно тело го добива заслужениот одмор. Ви благодарам за загриженоста.

Пинк

Пинк објави и фотографија на која позира со малата ќерка Вилоу. Во описот на фотографијата, таа напиша: „Пред некој ден, додека ми го гмечеше стомакот, Вилоу ми рече: Мамо, зошто си толку мека? А јас ѝ реков: Затоа што сум среќна.“

Пинк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.